Galenika Олиговит комплекс 20 е граничен производ.
Oligovit® /Олиговит® филм-обложените таблети се комбинација од 10 витамини и 10 најпотребни минерали.
Таблетите можат да ги надоместат зголемените потреби на организмот за витамини и минерали како и да го надокнадат нивниот недостаток во исхраната (еднолична исхрана, диети, алкохолизам).
Витамините и минералите кои влегуваат во состав на Oligovit® /Олиговит® филм-обложените таблети можат да придонесат за зголемување на отпорноста на организмот кон болестите, за растење, за развој и нормално функционирање на организмот, бидејќи непосредно учествуваат во биохемиските процеси.
Oligovit® /Олиговит® филм-обложените таблети се препорачуваат:
- Како дополнување на исхраната во состојби на несоодветна исхрана (во тек на диети, гладување).
- Како дополнување на витамини и минерали во тек на бременост и доење.
- Кај премореност после тежок физички напор.
- Во состојби на опоравување после: болести пропратени со високи температури, хируршки зафати.
- Кај заостанување во растот, недостаток на апетит, губење на телесна маса.
- При дефицит настанат поради гастроинтестинални и хепатобилијарни болести.
- При стресни состојби во кои се можни зголемени потреби за витамини и минерали.
Производот не е наменет за деца помлади од 12 години.