Nutravit Folate е додаток во исхраната кој содржи фолна киселина (витамин Б9) – есенцијален витамин кој игра клучна улога во клеточната делба, крвотворбата и правилниот развој на нервниот систем.
Nutravit Folate е наменет за лица со зголемена потреба од фолна киселина, особено за жени во бременост или планирање на бременост, бидејќи придонесува за нормален развој на фетусот. Дополнително, фолната киселина е важна за создавање на црвени крвни клетки и за нормална психолошка функција.
Состав:
Фолна киселина (витамин Б9) - Поддржува нормална клеточна делба. Придонесува за нормална крвотворба и создавање на црвени крвни клетки. Важна за правилен развој на нервниот систем кај фетусот. Поддржува нормална психолошка функција и намалување на замор.