Bionika ENTIA е додаток во исхраната наменет за поддршка на уринарното и вагиналното здравје, со комбинација од природни состојки – Д-маноза, екстракт од брусница, пробиотици и витамин Ц. Се користи за превенција и олеснување на симптоми при инфекции на уринарниот тракт и нарушена вагинална микробиота.
ENTIA е современ женски производ кој обезбедува природна поддршка за уринарниот и гениталниот тракт. Формулацијата е внимателно избрана за да помогне при:
- Превенција и третман на бактериски и габични инфекции,
- Одржување на балансирана вагинална флора,
- Олеснување на симптоми како чешање, печење и зголемен исцедок,
- Дополнителна нега по уролошки процедури,
- Поддршка при антибиотска терапија и намалување на ризик од повторливи инфекции.
Состав:
Д-маноза – природен шеќер кој спречува врзување на бактериите (особено E. coli) за ѕидовите на уринарниот тракт.
Exocyan™ екстракт од брусница (Vaccinium macrocarpon) – стандардиран на 50% проантоцијанидини (PACs), со силно антибактериско дејство.
Пробиотици (лиофилизирани млечно-киселински бактерии) – ја обновуваат и одржуваат вагиналната и цревната микрофлора.
Пребиотици (инулин со олигофруктоза) – обезбедуваат хранливи материи за пробиотиците.
Витамин Ц – антиоксидант и поддршка за имунитетот.