Подлогите за повивање Becutan имаат едноставна и практична примена, која овозможува промената на пелените да се одвива во хигиенски услови. Истовремено ги заштитуваат површините на кои се повива бебето или, пак, на кои престојува подолго време, заради поудобна игра на подот, заради заштита на детското седиште во автомобилот, како и заради заштита на бебешката количка. Подлогите се состојат од надворешна непропустлива заштитна обвивка и од извонредно мек површински слој на кој се поставува бебето. Димензиите на подлогите за повивање Becutan (60 x 90 cm) овозможуваат и нивна ефикасна примена при заштита на душекот на детското креветче. За таа цел, подлогата треба да се постави директно над душекот, под постелнината.
Подлогите за повивање, секако, наоѓаат практична примена во повеќе ситуации од секојдневието: