По првата недела од раѓањето.
Инстант чај кој содржи екстракти од специјално одбрани билки со потврден квалитет.
Во составот влегуваат лесно сварливи шеќери – сахароза и глукоза, екстракт од плод од сладок анасон и етерично масло од плод од сладок анасон.
Слаткиот анасон има карминативно и спазмолитично деjство. Го стимулира лачењето желудочен сок и jа подобрува перисталтиката, со што го подобрува варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помага и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите.
Слаткиот анасон коj се користи за подготовка на Becutan чаjот има карактеристично сладок вкус коj се разликува од вкусовите на други видови анасон.
Производот не содржи вештачки бои, ароми, конзерванси и млечни протеини. Без глутен.