Испорака 170ден. За нарачки над 1500 ден, бесплатно!

МЕНИ
Кошничка

Вашата кошничка е празна

Инстант чај кој содржи екстракти од специјално одбрани билки со потврден квалитет.
Во составот влегуваат лесно сварливи шеќери – сахароза и глукоза, екстракт од плод од сладок анасон, екстракт од цвет од камилица и етерично масло од плод од сладок анасон.
Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично деjство. Тие го стимулираат лачењето желудочен сок и jа подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите. Цветовите од камилица, заради компонентите што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикробно деjство. На камилицата и се припишуваат и своjства за олеснување на искашлувањето, а, исто така, таа деjствува благоприjатно и при несоница и при состоjби на вознемиреност.
Производот не содржи вештачки бои, ароми, конзерванси и млечни протеини. Без глутен.