Пантотенската киселина во ткивата влегува во состав на коензимот А, кој е потребен за метаболизмот на јаглените хидрати, масти, белковини и неутрализирање на штетното дејство на некои метаболички производи.
Витаминот Ц, во вода растворлив антиоксиданс, учествува во голем број на оксидо-редукциони процеси во организмот и во создавањето на колаген и други делови на врзивното ткиво.
Овие процеси овозможуваат учество на пантотенската киселина и витаминот Ц во зачувување на правилното функционирање на здравата слузница и обновувањето на слузницата на устата, грлото, јазикот и непцата.
Пантенол со витамин Ц пастилите се употребуваат за ублажување на потешкотиите настанати после помали повреди или изгореници како и за стимулирање на регенерацијата на слузницата на усната шуплина, грлото, јазикот и непцата при надразувања од различно потекло (тутунски дим, смог).
Пантенол со витамин Ц пастилите можат да бидат додаток на антибиотската терапија кај локалните воспалителни процеси на усната шуплина.